Поврзете се со нас

Италија

Аталанта се „ценка“ со Милан и бара попуст за играчот кој се препороди во Бергамо

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта ја освои титулата во Лига Европа и испиша фудбалска историја на финалниот меч кој се играше во Даблин, но тимот на ЏанПјеро Гасперини успеа да се пласира во Лигата на шампионите и поради свои заслуги во домашното првенство.

Тимот од Бергамо имаше одлична сезона и Гасперини на крајот реши да остане уште најмалку една сезона во Аталанта, но кога ги договори новите околности, искусниот стручњак добил гаранција дека ќе може да смета на најважните фудаблери.

Еден од нив е Шарл Де Кетелар кој се препороди во Бергамо по заемот од Милан, а по првично исплатените 3 милиони евра за оваа сезона, Аталанта има опција да го откупи неговиот договор.

Според впишаната клаузула во договорот, Аталанта може автоматски да го купи Белгиецот ако исплати 22 милиони евра во касата на Милан, но сепак планот на водечките луѓе е да се издејствува мал попуст и да се доби Де Кетелар за пониска цена.

Поранешниот играч на Клуб Бриж не е во плановите на Милан и тоа им оди во прилог на луѓето од Бергамо, кои веруваат дека можат да се „исценкаат“ за уште неколку милиони и да комплетираат операцијата која започна уште минатото лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни