Поврзете се со нас

Италија

Аталанта „продаде“ тренинг акција од слободен удар, Копмајнерс со „бомба“ го совлада Шчесни (Видео)

Објавено

на

Теун Копмајнерс постигна два гола против Јувентус и направи Аталанта да освои бод на тешкото гостување во Торино, а начинот на кој го отвори дербито беше убедливо најубав момент на мечот.

Играчите на Аталанта презентираа извежбата тренинг акција од слободен удар и целосно ја извадија од игра одбраната на Јувентус, па живиот-ѕид беше залудно поставен од Шчесни.

Скамака и Пашалиќ направија се за да изгледа дека ќе упатат директен удар, но на крајот Хрватот додаде до Копмајнерс и овој испрати неодбранлив удар во мрежата на Јувентус.

Мајсторијата на гостите е само еден од низата извонредни потези кои ги видовме во Италија овој викенд, а Гасперини призна дека е горд на постигнатиот гол поради тоа што акцијата била вежбана на денешниот тренинг.

– Бевме блиску до ваква акција на други натпревари во Серија А, но денеска ја тестиравме на утринскиот тренинг и испадна како што треба. Имавме неколку алтернативи, но момците ја избраа најдобрата, – изјави тренерот Гасперини.

Акцијата од слободен удар погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни