Поврзете се со нас

Италија

Аталанта посилна за Скамака, но загуби друг важен играч

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта викендов им се враќа на обврските во домашното првенство, а тренерот Џан Пјеро Гасперини ги израдува фановите откако го вклучи Џанлука Скамака во составот за дуелот со Торино.

Италијанскиот репрезентативец е блиску до камбек по долгата пауза поради сериозната повреда на лигаментите и конечно ќе биде во комбинација за составот од Бергамо.

Сепак, Гасперини добил и една лоша вест деновиве, а таа е поврзан со Џорџо Скалвини, кој оди на подолга принудна пауза.

Скалвини на дуелот со Барселона во ЛШ, заработил незгодна повреда на рамото и „Газета дело Спорт“ тврди дека поради истата ќе мора да паузира околу три месеци.

Скалвини исто така имаше друга повреда поради која пропушти долг период, за сега да се соочи со нов проблем на друг дел од телото и повторно да не може да им помогне на соиграчите од Аталанта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни