Поврзете се со нас

Италија

Аталанта плати 15 милиони евра за нигериски фудбалер

Објавено

на

Aталанта не беше многу активна во досегашниот дел од преодниот рок, а денеска го прекина молкот, објавувајќи го трансферот на Адемола Лукман.

Нигерискиот репрезентативец доаѓа од редовите на РБ Лајпциг и за него составот од Бергамо ќе издвои околу 15 милиони евра.

Лукман може да игра на повеќе позиции во нападот и со своите универзални квалитети ќе му помогне на тренерот Џан Пјеро Гасперини, а во негова корист оди и премиерлигашкото искуство.

Минатата сезона беше позајмен во Лестер каде постигна 8 гола, а претходно има настапувано и за Евертон и Фулам.

Доаѓањето на Лукман ќе значи и реализација на најавениот заем на Алексеј Миранчук во редовите на Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни