Поврзете се со нас

Италија

Аталанта планира уште една профитабилна продажба на премиерлигашки клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Раководството на Аталанта изминативе години профитираше од неколку одлични трансфери, а последниот беше тој на Расмус Хојлунд во Манчестер Јунајтед.

Тимот од Бергамо заработи многу за Данецот и тоа за краток период откако го ангажираше во своите редови, а тоа може да се случи и со Шарл Де Кетелар.

Аталанта го доби Белгиецот на заем од Милан за 3 милиони евра, со опција за откупување на договорот за уште 22 милиони евра, а добрите игри на Де Кетелар се причина да биде активирана клаузулата од неговиот сегашен тим.

Но, наместо долга кариера во сино-црниот дрес, Де Кетелар за кратко ќе се најде во Премиер лигата, тврдат италијанските медиуми.

Во иднина Аталанта ќе биде отворена за понуди од Премиер лигата и нема да му прави проблем на Белгиецот ако реши да се пресели во Англија. Пред случајот со Хојлунд, Аталанта направи одличен бизнис и со трансферот на Кристијан Ромеро во Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни