Поврзете се со нас

Италија

Аталанта официјално го купи Србинот за кој се „тепаа“ неодлучните италијански великани (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Лазар Самарџиќ повеќе од една година се поврзуваше со најголемите великани во италијанскиот фудбал како Интер, Јувентус, Милан и Наполи, но на крајот Аталанта е таа која го направи вистинскиот чекор за ангажан.

Неодлучните гиганти се обидуваа на секаков начин да ја намалат цената од Удинезе, а од таквата тактика на крајот профитираше „Ла Деа“, која сега успеа да го комплетира трансферот во интересни услови.

Србинот ќе игра во Бергамо како позајмен играч една сезона, но трансферот ќе стане перманентен откако ќе се исполнат неколку лесни услови, што значи дека Аталанта наредното лето ќе треба да исплати 25 милиони евра.

На овој начин, Самарџиќ се претвора во шесто летно засилување за Гасперини по Годфри, Ѕаниоли, Сулемана, Ретеги и Брескијани, а треба да се напомене дека Аталанта го направи перманентен и трансферот на Де Кетеларе.

Во секој случај, трансфер пазарот за Аталанта нема да заврши со ангажманот на Самарџиќ, бидејќи на излезна врата од клубот се двете големи ѕвезди Теун Копмајнерс и Адемола Лукмон.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни