Поврзете се со нас

Италија

Аталанта му одржа фудбалска лекција на шампионот среде Неапол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Наполи е далеку од тимот кој играше шампионски фудбал пред една година, а ниту третиот тренер од стартот на сезоната не успеава да врзе неколку позитивни резултати во серија.

По Руди Гарсија и Валтер Мацари, искусниот Франческо Калцона го презема кормилото на Наполи, но денеска тимот изгледаше можеби и најбледо како актуелен италијански шампион.

Аталанта целосно го надигра домашниот тим среде Неапол и предизвика голема фрустрација на „Диего Армандо Марадона“, а од друга страна пак, Наполи потврди дека не е ист тим без Квича Кварацхелија.

Грузиецот се повреди на финалниот бараж за пласман на Европско првенство и денеска не стоеше на располагање, па Наполи најчесто беше безидеен во нападот, а многу ранлив во одбрана.

Аталанта постигна три гола во мрежата на Мерет, а стрелци на погодоците беа Миранчук, Скамака и Копмајнерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни