Поврзете се со нас

Италија

Аталанта ја продолжи победничката серија и ја остави Рома без Лига на шампиони (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/Atalanta_BC

Торино не можеше да му се спротивстави на актуелниот освојувач на Лига Европа и си заминува од гостувањето кај Аталанта со убедлив пораз (3:0), додека Наполи повторно се посрамоти пред своите фанови, освојувајќи само бод против Лече (0:0).

Скамака и Лукман уште во првиот дел донесоа солидна предност за „Ла Деа“, а во вториот дел точка на натпреварот стави Пашалиќ со гол постигнат од пенал.

Со оваа победа, Аталанта се искачи на четвртото место на табелата и ќе може да оди и место погоре ако ја победи Фиорентина во заостанатиот натпревар закажан за 2. јуни. Денешниот резултат на составот од Бергамо и официјално стави крај на надежите дека Рома ќе може да игра во Лигата на шампионите како шести претставник на Италија, бидејќи за такво нешто Аталанта требаше да остане на петтото место.

И покрај денешниот пораз, Торино останува во игра за место во Конференциската лига, но тоа зависи од настапот на Фиорентина во претстојното финале на овој куп, како и пласманот на „виолетовите“ во Серија А.

Наполи ги разочара фановите во финалето на сезоната, а од трибините била испратена јасна порака за сериозни промени и оставки на одговорните во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни