Италија
Аталанта ја прифатила понудата на Јувентус за Копмајнерс, но со еден специјален услов
Јувентус одамна е заинтересиран за Теун Копмајнерс од редовите на Аталанта и спортскиот директор Кристијано Џунтоли ја обезбедил потребната согласност од Холанѓанецот уште на крајот на претходната сезона, а сега при крај се и преговорите меѓу двата клуба.
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Бергамо нема да може да го избегне трансферот и поради претходно даденото ветување до играчот, но Аталанта барем сериозно ќе профитира од заминувањето на Копмајнерс, за кое сега има и специјален услов.
Аталанта се согласила да го продаде играчот за врска за 50 милиони евра плус бонуси од 5 милиони евра, но Јувентус ќе мора да почека за реализацијата на трансферот до Супер куп натпреварот.
По освојувањето на Лига Европа, Аталанта си обезбеди соочување со европскиот првак Реал Мадрид, па во клубот би сакале да му се спротивстават на шпанскиот клуб со Копмајнерс во тимот, а тоа да биде и проштален натпревар на Холанѓанецот во сино-црниот дрес.
Прашање е како ќе се одвива ситуацијата бидејќи и Тиаго Мота ќе сака побрзо да го има на располагање веројатно најважното засилување во овој преоден рок, посебно што Супер куп пресметката се игра (14. август) пет дена пред првиот настап на Јувентус во новата сезона на Серија А.
-
Италијапред 17 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 16 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 11 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………