Поврзете се со нас

Италија

Аталанта го загуби Лукман за наредните неколку натпревари

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Аталанта утре гостува кај Барселона во последната рунда од првата фаза на Лигата на шампионите, а тренерот Џан Пјеро Гасперини остана без еден од најважните првотимци.

Адемола Лукман почувствувал болка во коленото за време на денешниот тренинг и веднаш бил испратен на детални прегледи, по што е утврдено дека има повреда поради која мора да мирува.

Проблемот е детектиран на лигаментите на коленото и истиот бара пауза од неколку недели, па дуелот во ЛШ е само првиот на кој нема да може да настапи.

Паузата на Лукман е предвидено да трае три до четири недели, па на стартот на февруари тој нема да може да настапи на дуелите со Торино и Болоња. Верона, Калјари и Емполи се уште три екипи кои веројатно нема да треба да го анализираат Нигериецот, а Гасперини ќе се надева дека тој ќе биде максимално подготвен за март, месец во кој Аталанта има неколку незгодни противници.

Аталанта има солиден пласман на табелата и утре може да си обезбеди директен пласман во осминафиналето на ЛШ, а во моментов е во Топ 4 друштвото и во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни