Поврзете се со нас

Италија

Аталанта го суреди и Милан и ја презема лидерската позиција во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Екипата на Аталанта најмалку до недела ќе биде нов лидер во италијанската Серија А, позиција до која стигна откако вечерва го доби дербито со Милан со 2-1.

Составот од Бергамо игра фантастично, игра во одлична форма и бележи резултати кои во овој момент го ставаат во борба за Скудетото во Калчото. Вечерашниот триумф на избраниците на Гасперини беше деветти во низа во шампионатот и сега има два бода повеќе од второпласираниот Наполи кого го очекува тежок предизвик со Лацио, тим кој во четвртокот ги елиминираше од Копа Италија.

Аталанта брза зададе удар на соочувањето со „росонерите“ и тоа преку Де Кетеларe во 12 минута. Милан одговори десет минути подоцна кога по додавањето на Леао, шпанскот репрезентативец Мората беше прецизен за 1-1.

Овој резултат беше активен се до самата завршница или поточнo 87 минута кога Лукман се најде на вистинското место и погоди за огромни три бода.

Следно за „Ла Деа“ е натпреварот со Реал Мадрид во ЛШ, а пак Милан во истото тоа натпреварување е домаќин на Црвена Звезда.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни