Поврзете се со нас

Европски првенства

Аталанта го потврди најцрното сценарио за италијанскиот репрезентативец: Тешка повреда го остава без сонот наречен ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Тоа што требаше да претставува продолжување на сонот, вчера се претвори во кошмар за младиот Џорџо Скалвини, кој на последниот натпревар во Серија А си нанесе тешка повреда поради која сега ќе го пропушти Европското првенство.

Талентираниот дефанзивец на Аталанта се најде на списокот на Лучијано Спалети како играч кој направи најголем напредок оваа сезона, но за жал дефанзивецот сепак нема да го гледаме на туррнирот во Германија.

Италијанскиот селектор сега е принуден да направи замена и да повика друг фудбалер на негово место, откако и Аталанта како клуб го потврди најцрното сценарио.

Скалвини сам си нанесе штета на коленото и уште во прв момент стана јасно дека повредата не е наивна, а магнетната резонанца потрдила дека се работи за кинење на преден вкрстен лигамент.

20-годишниот одбранбен фудбалер сигурно нема да игра на Европското првенство, но пред него е и долг процен на рехабилитација кој ќе трае од шест до девет месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни