Поврзете се со нас

Италија

Аталанта го надигра Наполи во второто дерби во Серија А (Видео)

Објавено

на

blank

Аталанта и Наполи одиграа дерби натпревар со шест голови во второто полувреме, а на крајот домаќините заслужено запишаа нова победа во домашното првенство (4:2).

Џан Пјеро Гасперини беше испратен на трибина уште во првиот дел затоа што подолг период протестираше за според него недосуден чист пенал за Аталанта, но и неговите асистенти добро ги пренесоа идеите на стручниот штаб на теренот во вториот дел.

Ѕапата го отвори резултатот во 52. минута, но водството траеше само шест минути бидејќи Зјелински брзо го врати Наполи на почетната позиција.

На следниот гол повторно се чекаше шест минути, а стрелец беше Госенс, додека Муриел во 71. минута зголеми на 3:1.

Автоголот на Мале постигнат пет минути подоцна ги врати надежите на гостите од Неапол, но повторно во сличен ритам, четири минути подоцна беше постигнат и шестиот гол. Дефанзивецот Ромеро ја потврди победата на Аталанта за конечни 4:2 и му создаде дополнителни проблеми на Џенаро Гатузо.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во Бергамо, а Гатузо го замени во почетниот дел на второто полувреме.

Аталанта сега има 43 бодови, десет помалку од лидерот Интер, додека Наполи остана на 40 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни