Италија
Аталанта го испразни „Алијанц стадионот“ со фудбалска лекција за Јувентус среде Торино (Видео)

Аталанта покажа дека има амбиции да ги следи Интер и Наполи во битката за Скудетото оваа сезона, и тоа во директна пресметка со Јувентус кој до денеска се сметаше за фаворит од сенка во шампионската трка.
Во големото италијанско дерби кое со нетрпение се очекуваше во Торино, домаќинот целосно потфрли во пресметката со Аталанта, која денеска потсети на своите најдобри изданија оваа сезона, не само поради постигнатите голови, туку и поради леснотијата со која создаваше шанси.
„Ла Деа“ му одржа фудбалска лекција на Јувентус среде Торино и предвреме го испразни преполниот „Алијанц стадион“, а причина за тоа беа четирите гола во мрежата на Ди Грегорио.
Серијата беше отворена во првото полувреме со гол од пенал на Ретеги, но во овој период, Аталанта комотно можеше да има и два и три голови позитива.
Вистинска среќа за Јувентус беше тоа што остана во игра по 45 комплетирани минути, но наместо реакција на избраниците на Тиаго Мота, видовме само уште поголема доминација на Аталанта. Гостите продолжија да го мелат противникот и добија на самодоверба по брзиот гол на Де Рон за 2:0, по што следеа уште два погодоци од Ѕапакоста и Лукман за конечни 0:4.
Аталанта со оваа висока победа ја одржа негативата од три бода од лидерот Интер, додека Јувентус сега има девет бодови помалку од првиот тим на табелата.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Формула 113 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија22 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Шпанија12 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Шпанија10 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија9 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Балкан23 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)