Поврзете се со нас

Италија

Аталанта демолира во Италија и без двете ѕвезди кои објавија бојкот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта стана синоним за офанзивен и атрактивен фудбал во Серија А, нешто што продолжи да го применува и во ситуација кога владеат големи турбуленции во клубот.

Двете најголеми ѕвезди од првит тим побараа да бидат продадени и се очекува истото да се реализира до крајот на летниот преоден рок, но момците на Џан Пјеро Гаспеерини денеска покажаа дека знаат да победуваат и без Копмајнерс и Лукмон.

Двајцата одбија да играат за Аталанта и се во исчекување на трансфери во Јувентус и ПСЖ, но во нивно отсуство, до израз дојдоа двете летни засилувања.

Аталанта денеска славеше на гостувањето кај Лече со резултат 0:4, а по два гола постигнаа играчите кои пристигнаа како освежување за составот на Гасперини.

Ретеги веднаш стави до знаење дека на секој начин посакува да се заборави повредата на Скамака, но покрај него, два гола денеска постигна и Брешијанини.

Аталанта во буквална смисла на зборот го демолираше Лече на „Виа дел Маре“, бидејќи покрај четирите постигнати гола, подготви уште најмалку толку шанси за уште поубедлива победа.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни