Поврзете се со нас

Свет

Асвел пресилен за Војдан и Гравелин-Данкерк

Објавено

на

Составот на Гравелин-Данкерк од кој дел е нашиот Војдан Стојановски доживеа пораз од евролигашот Асвел на вечерашниот меч од првата лига на Франција.

Домаќините не оставија простор за никако изненадување, добија три од четирите четвртини за конечни на крајот 96-68. Пет играчи кај Асвел беа двоцифрени, најдобар од нив беше Кахуди со 17 поени, по 16 уфрлија Фримен и Јабуселе.

Македонскиот репрезентативец Стојановски за 23 минути на паркетот даде шест поени со 4 асистенции.

Следната средба за Гравелин-Данкерк во ЛНБ лигата е на 23 јануари против Лимож.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни