Поврзете се со нас

Евролига

Асвел ја тресна залетаната Барселона, Валенсија му нанесе нов пораз на Фенербахче (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Асвел направија големо изненадување и славеа над Барселона со 80-68 во последниот меч од 11 коло во Евролигата.

Францускиот тим влезе во дуелот од последната позиција, но тоа како да му послужи како дополнителна мотивација и со квалитетна игра низ сите 40 минути успеа да го сруши лидерот за кого ова е прв пораз по 9 октомври во елитното натпреварување.

Лајти со 17 и Кол со 14 поени беа најдобри кај победникот, Миротиќ со 14 пак беше најпрецизен кај шпанскиот вицешампион.

Валенсија славеше во Истанбул со 90-86, поточно му го нанесе четвртиот пораз во низа на Фенербахче и тоа интересно сите се од клубови од АЦБ лигата. Ван Росом со 20 поени беше најефикасен играч во таборот на „лилјаците“, по 13 уфрлија Препелиќ и Вилијамс.

На третата средба Панатинаикос беше подобар од Баерн Минхен со 83-76.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни