Астрономскиот договор на Меси поставува нови стандарди во историјата: Познато колку точно пари заработува Аргентинецот на годишно ниво

mesi-dogovor

Лионел Меси пред ивесно време стави крај на сагата и стави потпис на нов договор со каталонскиот гигант Барселона, а иако каталонскиот гигант се обиде да ја сокрие содржината од истиот, светските медиуми веќе на големо проследија неколку интересни детали.

Минатата недела доста актуелна беше клаузула според која Меси ќе биде слободен да си замине од Барселона и истата ја потврди самиот татко на првата ѕвезда на Барселона, но оваа вечер пристигнаа детали за финансискиот аспект на договорот, односно за нереланата сума која му е гарантирана на Аргентинецот од неверојатниот договор.

„Фудбол Ликс“ излезе со документација од договорот на кој има параф од Меси, а според истиот годишната бруто плата на Меси надминува нестварни 100 милиони евра. Деталите од договорот се распределени на следниот начин: Меси има 71 милион бруто плата, има дополнителен бонус од 63 милиони евра за самото продолжување на договорот, а доколку го доработи истиот цо целост, Меси ќе инкасира уште 70 милиони евра.

Кога ќе се подели сето ова на годишно ниво, Меси има бруто плата од точно 104 милиони евра, или во нето, Аргентинецот има чисти 50 милиони евра од новиот договор со Барселона што го прави убедливо најплатен играч во светот. Нејмар има 37 милиони нето плата од договорот во ПСЖ, додека Роналдо и натаму е на 23 милиони евра кои ги добива според актуелниот договор со Реал Мадрид.

Facebook Коментари