Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила со среќен гол го победи Лидс, Алиоски повторно доби шанса од клупата (Видео)

Објавено

на

blank

Лидс Јунајтед продолжува по рецептот топло-ладно во англиската Премиер лига, па откако пред четири дена го победи Саумтемптон со 3:0, вечерва на домашен терен претрпе минимален пораз од Астон Вила.

Тимот од Бирмингем потврди дека во овој момент е за нијанса подобар тим од оној на Марсело Биелса, а како одлучувачки на „Еланд Роуд“ се покажа раниот гол на Ел Гази со кој всушност практично беше решен победникот.

Офанзивецот на гостинскиот тим погоди уште во 5-та минута од мечот откако со доста среќа топката заврши во неговите нозе по ударот на Воткинс, па иако домашните покажаа голема желба за враќање во игра, не успеаја да постигнат погодок и да изборат барем бод во битката со ривалот кој пред дуелот имаше само еден бод повеќе од нив.

Астон Вила отиде на плус четири во однос на Лидс кој останува десетти со два натпревари помалку, но од друга страна, домашниот тим е максимално комотен кога е опасноста во прашање бидејќи има дури 13 бода повеќе од Фулам.

Езџан Алиоски одново го започна натпреварот од клупата за резерви и Лидс прими гол без него на теренот, но потоа влезе во игра и го одигра речиси цело второ полувреме во кое не видовме ниту еден погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни