Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила се засили со поранешен играч на Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LutonTown

Астон Вила денеска ги потврди договорите со Семјуел Илинг Џуниор и Енцо Баренечеа кои пристигнаа од Јувентус, како дел од трансферот на Даглас Луиз во спротивна насока, но го надополни денот со уште еден реализиран трансфер.

Нов член на тимот на Унај Емери е искусниот Рос Баркли, кој минатата сезона играше одлично во дресот на Лутон и го привлече вниманието на повеќе клубови, вклучувајќи ја Астон Вила.

Лутон не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, но затоа 30-годишниот играч за врска останува во елитата и сега ќе биде дел од средниот ред на Емери, а ќе има можност да настапува и во Лигата на шампионите.

Баркли се наметна како квалитетен играч со своите настапи за Евертон, во 2018 година потпиша за Челси, но таму не успеа да ги исполни очекувањата, по што минатата година потпиша за Лутон. Интересно е што тој веќе настапуваше за Астон Вила и тоа како позајмен играч во сезоната 2020/21.

Зад себе искусниот фудбалер има и 33 настапи за Англија, а со овој трансфер се надева дека ќе биде во конкуренција за враќање во составот на „трите лава“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни