Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила продаде играч во Ал Наср за 77 милиони евра

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Саудиска Арабија е пазар кој е се поинтересен за играчите и истите прифаќаат таму да се преселат без разлика дали се таленти, асови пред кои е голема иднина или фудбалери кои се докажани, но причината за сите е една и единствена, добрата понуда-одличната заработка.

Кога Премиер лигата ќе ја замените со Саудиска Арабија на 21 година тоа се кажува, а токму таков е случајот со Џон Дуран. Колумбискиот талент и член на Астон Вила ќе стане нов соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Премиерлигашот кажа „ДА“ за понудава вредна фиксни 77 милиони евра, плус дополнителни бонуси, операција за која зелено светло даде и Дуран кој ако ги мине медицинските прегледи ќе стави потпис на повеќегодишен договор.

-Ако замине, тоа е добра вест за нас, затоа што плаќаат добри пари, затоа што тоа е добро за него, бидејќи и ние за две години развивме млад играч за да ја добиеме оваа понуда. Тоа не е само за клубот, туку е и за играчите и тимот- овие околности можат да бидат позитивни, -истакна менаџерот Унаи Емери.

Џон по одличниот старт на кампањата потпиша нов договор со Астон Вила до 2030 година и тоа пред само неколку месеци, меѓутоа колку брзо работите можат да се променат во фудбалот најдобра потврда е неговиот случај.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни