Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила потврди неочекувано засилување од редовите на Интер

Објавено

на

Астон Вила изненади многумина со трансфер активноста која ја завршија во текот на денешниот ден.

Нов фудбалер на клубот од Бирмингем е сега веќе екс играчот на Интер, Ешли Јанг кој се поврзуваше со трансфер во редовите на Вотфорд.

Астон Вила е последниот помал клуб во кој играше Јанг пред да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а потоа и во редовите на Интер, па оваа авнтура нема да биде нова за него.

35 годишниот бек кој одлично се снаоѓа и на офанзивните крилни позиции со Астон Вила потпиша договор со траење од една година, а истиот може да биде продолжен на уште една дополнителна.

– Ешли со себе носи големо искуство од играње на врвно ниво, а ни се приклучува само што ја освои титулата во Италија. Тој е играч кој може да игра на неколку позиции, а зборувајќи со него сфатив дека е подготвен да има големо влијание во нашиот тим оваа сезона, -изјави тренерот на Астно Вила, Дин Смит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни