Англија
Астон Вила им забрани на фудбалерите да ја играат играта „Фантази ПЛ“ по откривањето на повредата на Грилиш

Од раководството на Астон Вила упатија забрана до своите играчи за играње на популарната игра „Фантази Премиер лига“ откако самите фудбалери ја откриле повредата на Џек Грилиш.
Имено, од клубот од Бирмингем тактизирале и не сакале да откријат дека нивниот најдобар фудбалер, Џек Грилиш е повреден пред натпреварот со тимот на Лестер.
Сепак, неколку играчи на Астон Вила кои играат на оваа популарна онлајн игра го отстраниле Грилиш од своите тимови што било јасен показател дека нешто не е во ред со капитенот на клубот.
Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит бил доста лут по поразот од Лестер и побарал детално да се истражи како се дознало за повредата на Грлиши. На вебсајтот може да се прават трансфери на 90 минути пред почетокот на колото, а фудбалерите на Астон Вила брзо го продале својот соиграч со што дале дознаење дека тој е повреден и дека нема да игра на таа средба.
Слична ситуација се случила и во Лидс Јунајтед каде капитенот на клубот, Лиам Купер го тргнал од својот тим нашиот репрезентативец, Езгјан Алиоски кој подоцна не играше на натпреварот против Вулверхемптон иако претходно 17 пати по ред беше стартер за клубот од „Еланд Роуд“.

- Англијапред 20 часа
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- Англијапред 17 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- НБАпред 18 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 22 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 16 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 20 часа
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена
- Англијапред 22 часа
Брус имаше блиска средба со Солскјер, па беше налутен од едно новинарско прашање: Сите мислат така или само ти?