Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила го собори клупскиот рекорд за довчерашна соиграчка на Андонова

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AVWFCOfficial

Шпанскиот клуб Леванте летово остана без многу важни фудбалерки во своите редови, вклучувајќи ја македонската репрезентативка Наташа Андонова, а денеска е потврдено дека од овој клуб заминува и Габи Нуњес.

Бразилската репрезентативка неодамна освои сребрен медал на ЛОИ во Париз, а по две сезони во Леванте ја прифатила понудата на екипата од женската Премиер лига.

Астон Вила го собори клупскиот трансфер рекорд плаќајќи 300.000 евра за трансферот на Нуњес, со што Бразилката стана осмо засилување за амбициозниот клуб кој има многу поголеми амбиции во новата сезона.

Трансферот на Нуњес е еден од највредните во историјата на женската Премиер лига и во Топ 10 во цел свет, Леванте ќе заработи добро, но ќе има проблем да го надомести заминувањето на Нуњес, Андонова и уште неколку фудбалерки.

Андонова претходно потпиша за Ал Шабаб и ќе настапува во првенството на Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни