Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила договорила трансфер на фудбалер на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Трансфер шпекулациите во моментов се во сенка на актуелностите од ЕП во Германија, но тоа не значи дека клубовите не работат на засилувања за следната сезона.

Пример за тоа е информацијата дека Астон Вила договорила трансфер на Јан Матсен, досегашниот фудбалер на Челси, кој минатата сезона настапуваше за Борусија Дортмунд.

Холандскиот репрезентативец не е во плановите на новиот менаџер Енцо Мареска и очигледно добил можност да преговара со заинтересираните клубови, а Астон Вила ќе плати околу 37,5 милиони фунти за левиот бек кој има само 22 години.

Матсен минатата сезона беше испратен во Борусија во јануари и со бундеслигашот стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Челси мора да размислува за бројките поврзани со финансискиот фер плеј до крајот на јуни, а заработката од Матсен ќе има позитивен ефект и поради фактот што тој кратко беше дел и од младинската академија на лондонскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни