Поврзете се со нас

Формула 1

Aстон Мартин ја потвди разделбата со тимскиот шеф Шафнауер

Објавено

на

Формула 1 тимот Астон Мартин денеска ја потврди разделбата со тимскиот шеф Отмар Шафнауер.

Шафнауер беше еден од најзаслужните за успешната трансформација на Рејсинг Поинт во Астон Мартин, но сега веројатно ќе прифати нов предизвик, кој според шпекулациите ќе биде во редовите на Алпин.

Астон Мартин амбициозно ја започна последната Ф1 сезона, но на крајот го освои само седмото место меѓу конструкторите, додека поранешниот шампион Себастијан Фетел мораше да се задоволи со 12. место во генералниот пласман.

Шпекулациите за преселба на Шафнауер во редовите на Алпин почнаа уште пред неколку месеци, но тој демантираше такво нешто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни