Асприлја: Денеска би вредел најмалку 200 милиони евра

faustino-asprilla1

Фаустино Асприлја имаше одлична фудбалска кариера и остана запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на Колумбија. Тој смета дека ако денеска би бил фудбалер, би вредел колку најскапите ѕвезди на денешницата.

– Колку би вредел денеска? Веројатно колку Нејмар, 200 милиони евра сигурно, – одговорил ексцентричниот поранешен напаѓач.

Асприлја имаше убави моменти во Парма каде настапуваше два пати, меѓу кои беше член на Њукасл.

– Никогаш не зажалив за потегот, раководството и навивачи бараа да се вратам и јас го направив тоа. Второто искуство ми овозможи да ги освојам Купот на УЕФА и италијанскиот Куп. Го напуштив Њукасл иако ми беше убаво во Англија, но тренерот не сакаше да ме задржи, – истакнал Асприлја кому Парма му беше и последен европски клуб во кариерата.

Facebook Коментари