Поврзете се со нас

Англија

Аспиликуета објасни зошто на крајот сепак ја одби понудата од Барселона

Објавено

на

Сезар Аспиликуета повеќе од шест месеци се поврзуваше со Барселона и беше очекувано да пристигне на „Камп Ноу“, но наместо тоа, во последен момент дојде до промена и стави потпис на нов двегодишен договор со Челси.

Капитенот на Томас Тухел го спречи трендот на добиени битки од страна на Барселона во дуелите со Челси, бидејќи пред тој да потпише договор, каталонците го „украдоа“ Кристенсен како слободен агент, а го оставија Челси и без Рафиња и Кунде кои направија трансфери на „Камп Ноу“.

Аспиликуета во последното интервју за „Дејли мејл“ признава дека бил решен да се врати во Шпанија и да потпише за Барселона, но тоа се променило по разговорот со новиот газда на клубот.

– Да, вистина е дека преговорите со Барселона беа активни. Да бидам искрен, по титулата на светското клупско првенство, почувствував дека е време за крај. Откако ги освои сите можни трофеи во Челси, помислив дека е време да се вратам во Шпанија.

– Бев решен за такво нешто, но сепак не сакав да го повредам Челси. Никогаш нема да направам нешто против овој клуб. Мислев да си одам, но сега веќе не, во спротивно немаше да потпишам нов договор. Новиот газда побара од мене да останам во тимот и да бидам лидер на теренот и во соблекувалната и тоа е голема работа за мене. Поради тоа, почувствував одговорност да останам тука, – вели десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни