Поврзете се со нас

Англија

Асоцијацијата на англиски фудбалери со јасен заклучок: Погледнете ги одморените Халанд и Салах

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Зголемувањето на бројот на натпревари изминативе години влијае и на зголемување на бројот на повреди, додека фудбалерите се чувствуваат исфрустрирано поради квантитетот на обврските во текот на една сезона.

Англиската асоцијација на професионални фудбалери преку својот прв човек Махета Моланго зборувал на оваа тема, користејќи го примерот со свежите Ерлинг Халанд и Мохамед Салах, кои во одличен стил ја започнаа новата премиерлигашка сезона.

Халанд веќе има постигнато 7 голови, додека Салах во дресот на Ливерпул погоди три пати и испорача три асистенции.

– Шокиран сум од разликата во фидбекот од фудбалерите кои имале и немале соодветен одмор летово. Говорот на телото и речникот на играчите кои имале краток одмор беа многу поразлични, а во Англија како позитивен пример можеме да ги земеме Халанд и Салах.

– Многу е добро кога некој е возбуден во соблекувалната и вели дека едвај чекал да почне со тренинзи, таа енергија не може да се замени со ништо. Го гледате резултатот со Халанд, тој повторно е машина, а нешто слично се случува со Салах кој исто така имаше подолг одмор и сега ја гледаме неговата најдобра верзија.

– Оние кои имале напорно лето се изморени и тоа се чувствува, а за нас тоа е загрижувачки факт, – изјавил Моланго, според кого фудбалерите не смеат да одиграат повеќе од 50-60 натпревари по сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни