Поврзете се со нас

Балкан

Ашковски влезе и мајсторски ја потврди победата на Сепси (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски имаше свој удел во денешната победа на Сепси над Динамо Букурешт во рамките на 29. коло во првата лига на Романија.

Ашковски на овој дуел доби шанса од клупата за резерви, а како свеж играч одлично ја матираше одбраната на домаќините во судиското продолженија за 3-1 и потврда на трите бода.

Стефан ја имаше топшката во свои нозе, се ослободи од еден противнички играч и рутински ја затресе мрежата на Динамо, тим за кој пак го немаше Мирко Ивановски.

Ова за Македонецот е втор сезонски погодок во Романија, неговиот Сепси е на 10 место на табелата со 36 бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни