Ашковски со два гола го нокаутираше ПСВ (Видео)

Stefan Aškovski

Македонскиот фудбалски интернационалец, Стефан Ашковски продолжува со своите одлични игри во дресот на холандскиот второлигаш Фортуна Ситард.

Оваа вечер Стефан го урна Јонг ПСВ (младиот тим на гигантот од Ајндховен) со два погодоци во вториот дел. Домаќините по првиот дел водеа со 2-0, но во вторите 45 минити гостите изрежираа неверојатен пресврт.

Прво Ашковски стрелаше во 61 минута за 2-1, резултат кој беше актуелен се до самиот финиш кога се случи вистински лудило. Во 85 минута Фортуна доби пенал кој го реализираше Семедо за да во следниот напад нашиот офанзивен играч го нокаутира противникот за 3-2.

Ова беше конечниот епилог на средбата, Стефан со 8 голови е на делба на петтото место на листата на стрелци, додека Фортуна е втора на табелата со минус четири бодови во однос на НЕЦ.

Facebook Коментари