Поврзете се со нас

Балкан

Ашковски доби „зиданка“, па беше погоден и со топка во глава (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски вчера беше цел на неспортски потег на противнички фудбалер, кој веднаш заработи исклучување.

Сепси гостуваше кај Крајова во реваншот од полуфиналето на романскиот куп, а по еден дуел покрај аут-линијата, домашниот фудбалер Банку реши физички да го нападне нашиот интернационалец.

Фудбалерот на Крајова најпрвин испорача удар со глава во градите на Ашковски по примерот на Зинедин Зидан од СП во 2006 година, а потоа го гаѓаше и со топка во глава, за што очекувано доби директен црвен картон.

Со втората победа Сепси обезбеди финале во Купот, а таму Ашковски и неговите соиграчи ќе се сретнат со тимот на Волунтари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни