Поврзете се со нас

Репрезентација

Ашаданов селектираше 12 кошаркарки за дуелите со Украина и Португалија

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонската женска кошаркарска репрезентација ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 година, дуели против Украина и Португалија.

Двете средби ги играме на домашен терен, прво со Украинките на 7 ноември од 18 часот, а три дена подоцна со Португалките во истиот термин во СРЦ „Кале“.

Селекторот Александар Ашаданов селектираше 12 кошаркарки кои ќе одработат мини подготовки пред натпреварите закажани за неколку дена.

-Секој циклус е сличен на претходните. Исклучок не е ни овој ноемврисми ‘прозорец’ на ФИБА. Во овие неколку тренинзи ќе се обидеме да ја поставиме нашата игра, да ги анализираме противниците. Прв противник ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, додека многу повеќе податоци, извесно, имаме за Португалките. Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа, ќе ни значи многу на сите нас, -порача Ашаданов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни