Поврзете се со нас

Репрезентација

Ашаданов го објави поширокиот список на кошаркарки за дуелите со Германија и БиХ

Објавено

на

Новиот предводник на женската сениорска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за дуелите против Германија и Босна и Херцеговина во рамките на квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2023 година.

Ашаданов на списокот има 24 имиња, а во наредниот период ќе разговара со нив по што ќе биде познато кои од нив ќе се појават на подготовките во Скопје.

Во тој ноемврски „прозорец“ прво ќе се соочиме со Германките на 11. ноември во Хале за да три дена подоцна во Скопје во СРЦ „Кале“ ја пречекаме селекцијата на БиХ.

Овде можете да го погледнете списокот на повикани кошаркарки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни