Поврзете се со нас

Англија

Асенсио воодушеви со неколку елегантни потези на дебито во Англија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Марко Асенсио вчера влезе во игра заедно со Маркус Рашфорд и одигра 25 минути на натпреварот против Тотенхем, време кое беше доволно за да покаже дел од својот извонреден репертоар.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид влезе во сериозна криза како член на ПСЖ, а ако се суди според стартот кој го имаше во Англија, Унаи Емери најверојатно ќе добие големо засилување.

Асенсио импресионираше со низа одлични потези и решенија на теренот, по што Астон Вила како клуб реши да направи една мини компилација од неговиот настап.

Шпанецот пристигна на „Вила парк“ како позајмен фудбалер од француската престолнина, но ако се покаже како што се очекува, може да направи и перманентен трансфер во Премиер лигата.

Астон Вила вчера го победи Тотенхем со 2:1, па тимот на Емери сега ќе го чека својот ривал во петтата рунда на ФА Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни