Поврзете се со нас

Шпанија

Асенсио се отвори за 11-месечната голгота и откри каква порака добил од Зидан пред да влезе на теренот

Објавено

на

Единаесет месеци подоцна, Марко Асенсио конечно виде светлина на крајот од тунелот и се врати на фудаблските терени, а начинот на кој го направи тоа беше навистина специјален и тоа всушност беше само добра потврда за каков играч станува збор.

Речиси една година по тешката повреда која ја заработи на пресезоната во Хјустон, Асенсио доби шанса од клупата на дербито против Валенсија, а веќе по 30 секунди игра, успеа да се запише во листата на стрелците и да постигне гол за водство од 2:0. Навистина интересно беше тоа што Асенсио имаше симпатична конверзација со Зизу пред да излезе на теренот, а сега во опширната ретроспектива која ја направи за официјалната телевизија на Реал Мадрид, Марко откри каква порака добил од Французинот.

– Со Зидан се разбираме само со еден поглед, оттаму дојде и насмевката пред да влезам. Ми рече да стапнам на теренот со десна нога и да постигнам гол до крајот. На крајот така испадна, – открива Асенсио кој за време на обраќањето имаше и емотивни моменти, обелоденувајќи дека лошата повреда на коленото ја прифатил многу тешко.

– Не сфатив колку е тешка повредата се додека не направив операција. Потоа следеше шокот. Најтешки беа првите седмици по операцијата, ужасно ме болеше коленото, но знаев дека ќе мора да страдам, бев предупреден. Морав психолошки да се справам со повредата, кога ја прифатив реалноста, максимално се насочив да се вратам и да работам напорно на рехабилитацијата.

– Мора да кажам дека предизвикот беше многу голем, но со напорна работа и голема помош и поддршка, успеав да го прескокнам овој период во кариерата, – нагласи Асенсио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни