Поврзете се со нас

Шпанија

Асенсио му испрати директна порака на Анчелоти по извонредната партија против Мајорка

Објавено

на

Карло Анчелоти по убедливата победа против Мајорка порача дека ја пронашол идеалната позиција на теренот за Марко Асенсио, а офанзивниот играч за врска беше прилично самоуверен, па по хет-трикот кој го постигна во победата од 6:1, му испрати директна порака на својот тренер.

Асенсио беше крајно разочаран за слабата минутажа која ја добива од стартот на сезоната и за неговата ситуација зборуваше Анчелоти во најавата за мечот со Мајорка, кој на крајот се покажа како сценарио кое може многу позитивно да влијае врз фудбалерот, но и да го промени мислењето на тренерот.

– Му покажав на Анчелоти дека може да смета на мене, дека ќе бидам подготвен во секој момент. Има огромна конкуренција во Реал Мадрид. Позицијата на која играв против Мајорка меѓу двете линии (среден ред и напад) е одлична за мене и ќе одговорам таму кадешто треба.

– Сите сме максимално ангажирани и мотивирани во тимот, има огромна конкуренција и на сите им е тешко да бидат стартери. Сите сакаме да имаме одлична сезона и одлуката за кој игра останува на тренерот.

– Јас ја дочекав својата шанса и знаев дека мора да ја искористам. Работев многу за да добијам цел меч. Среќен сум за трите гола, ова беше специјален натпревар за мене бидејќи Мајорка е клубот во кој се оформив како играч, – изјави Асенсио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни