Поврзете се со нас

Шпанија

Асенсио испука хет-трик, Реал ја наполни мрежата на Мајорка (Видео)

Објавено

на

Марко Асенсио го постигна првиот хет-трик во дресот на Реал Мадрид, а неговата екипа ја победи Мајорка со убедливи 6:1 во дуел од шпанската Ла Лига.

Домаќините издоминираа на „Сантијаго Бернабеу“ и ги израдуваа фановите со рутински триумф со одлична реализација, а Асенсио ги постигна вториот, третиот и четвртиот погодок на средбата.

Серијата ја отвори Карим Бензема уште во 3. минута, а Мајорка во еден момент ја врати неизвесноста откако барем четири минути имаше резултат 2:1 и тоа благодарение на голот на Ли Канг-Ин.

Покрај трите гола на Асенсио, Бензема го заврши дуелот со два, додека еден погодок реализираше и Иско.

Реал Мадрид е лидер по шест кола со 16 освоени бодови, а следува Атлетико Мадрид со два бода помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни