Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“ тврди: Барселона го договори наследникот на Чави

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Каталонските медиуми вчера и дадоа големо значење на веста дека Деко како спортски директор на Барселона отпатувал во Лондон за да оствари работен состанок со потенцијалниот наследник на Чави Ернандес, а како што стојат работите, се поизвесно е дека Ханси Флик ќе биде човекот кој ќе го води новиот проект на каталонците.

Угледните каталонски медиуми „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ ова утро пренесуваат дека состанокот кој го одржале двете страни минал навистина позитивно, но познатиот мадридски весник „АС“ оди доста подалеку во својата ексклузивна вест.

Реномираниот медиум од престолнината тврди дека поранешниот тренер на Баерн и дефинитивно се согласил да го наследи Чави на клупата, па практично и го комплетирал договорот со клубот кој на крајот изгледа ќе му ја покаже излезната врата на Чави.

Неполн месец по веста дека Чави се премислил и решил да го води тимот и наредната сезона, работите драстично се променија во клупските простории, а последните вести кои пристигнуваат од Шпанија сигурно нема да бидат добро прифатени од легендата на клубот.

Лапорта плачеше на пресот кој го одржа заедно со Чави додека ја искажуваше љубовта која ја чувствува кон поранешниот капитен, но искрената изјава која ја даде тренерот за реалонста на БАрселона, по се изгледа ќе резултира со врачен отказ и експресно именување на негов наследник.

„АС“ во својата вест потенцира дека двете страни вчера привеле до крај најголем дел од деталите, според кои Ханси Флик се согласил да стави потпис на двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни