Поврзете се со нас

Светски првенства

„АС“: Тактиката на Ливаковиќ за бранење пенали ќе биде копирана од колегите

Објавено

на

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ стана херој на својата нација по трите одбранети пенали во осминафиналето со Јапонија, а шпански „АС“ ја истакна неговата специфична тактика.

Медиумот тврди дека Ливаковиќ решил да тргнува кон една од страните дури откако противникот шутира, па тоа му донело предност во соочувањето со јапонските репрезентативци.

Вообичаено голманите ја бираат страната претходно за да добијат одредена предност, но Ливаковиќ покажал дека може да се брани и со подоцна донесена одлука.

– Ливаковиќ влезе во историјата со своја тактика и другите ќе се обидат да го копираат, – тврди „АС“ во својот текст.

Хрватскиот голман е трет во историјата на СП кој одбранил три пенали, а претходно тоа им успеа на сонародникот Даниел Субашиќ и Португалецот Рикардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни