Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“ со ексклузива: Атлетико Мадрид е при крај со реализација на трансфер на играч на Реал Мадрид

Објавено

на

Шпанскиот медиум „АС“ пренесува дека од таборот на Атлетико Мадрид се многу блиску до комплетирање на трансферот на фудбалер на Реал Мадрид.

Станува збор за колумбискиот интернационалец, Хамес Родригез за кого има нескриен интерес и од неколку премиерлигаши.

Сепак, според „АС“ Атлетико Мадрид комплетирал дури 80% од трансферот на играчот и сега остануваат само детали за истиот целосно да биде договороен.

Хамес Родригез по две години поминати на позајмица во Баерн Минхен се врати во Реал Мадрид, но не се изнаигра многу оваа сезона под водство на Зинедин Зидан.

Колумбиецот ќе си оди од Реал Мадрид, но нема да го напушти градот и ќе ја продолжи кариерата во големиот ривал на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни