Свет
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер

Кристијано Роналдо по крајот на сезоната нагласи дека се гледа во Манчестер Јунајтед и во втората сезона од договорот, но како што одминувале деновите, Португалецот бил се повеќе разочаран од тоа што тимот нема да игра во Лигата на шампионите и се отвориле сомнежи за неговата иднина.
Оваа вест ексклузивно ја пренесува угледниот мадридски медиум „АС“, кој дури и тврди дека Роналдо е решен да си оди од „Олд Трафорд“, во случај ако добие понуда од атрактивен клуб кој ќе му вети фудбал на највисокот можно ниво и проект кој не се одбива.
Веста на познатиот весник оди во правец кон Минхен, односно се споменува потенцијална сензационална операција во која Левандовски на крајот би го напуштил Баерн, а на негово место на „Алијанц арена“ би пристигнал Роналдо.
„АС“ информира дека за одлуката на Роналдо влијаеле и пасивноста на Манчестер Јунајтед на стартот на летниот преоден рок, односно фактот што не гледа како проектот би му донел брзи резултати, што тој всушност и посакува во оваа фаза од кариерата.
Од друга страна, Баерн Минхен се мачи да го разубеди Левандовски во одлуката да си замине од Минхен, што значи дека парите кои се издвојуваат за платата на Полјакот, сега може да се пренаменат за португалскиот голгетер кој никогаш во кариерата не бил блиску до трансфер во Германија.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 13 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 20 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал