Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“: Миовски е подготвен за деби, ќе добие квалитетна минутажа против Атлетико

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GironaFC

Џирона викендов го продолжува настапот во новата сезона на Ла Лига и тоа со второ гостување по ред.

По ремито со Бетис, каталонскиот тим ќе се соочи со уште поголем предизвик, наречен Атлетико Мадрид, уште еден тим кој освои само бод во првата рунда, а има големи амбиции во штотуку започнатата сезона.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски пристигна во Шпанија на денот на одигрување на средбата во Севилја и разбирливо не можеше да им помогне на своите нови соиграчи, но затоа ќе добие можност да му го расипе денот на Диего Симеоне.

Во најавата за дербито, шпански „АС“ потенцира дека Миовски е регистриран и добро се вклопува во филозофијата на тренерот Мичел и сигурно ќе настапи на дуелот со Атлетико.

Џирона ќе биде посилна за Виктор Циганков, кој го пропушти првото коло поради болест, но и со Миовски кој сигурно ќе добие квалитетна минутажа на дуелот во Мадрид, – пренесува „АС“.

Македонецот ќе го носи дресот со број 19 во својот нов клуб, бидејќи „деветката“ ја доби Абел Руиз кој пристигна во Џирона пред Миовски.

Натпреварот Џирона-Атлетико се игра во недела од 21:30 часот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни