Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе остави турбулентно лето зад себе и првично беше отстранет од првиот тим на ПСЖ, но откако се извини и седна на маса со Насер Ал Келаифи, беше вратен во составот на Луис Енрике.

Причина за прецртувањето од тренинзите беше писмото со кое го извести клубот дека нема да го продолжи договорот, а како што одминува времето, се појасно е дека Французинот може да преговара со било кој клуб од 1-ви јануари.

Актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната, но фудбалските великани ќе може да стапат во контатк со него уште во зимскиот преоден рок, што е приоритет број еден за Реал Мадрид.

Угледниот „АС“ информира дека Флорентино Перез одлучил да му даде уште една, последна шанса на Мбапе за трансфер во Реал Мадрид, со тоа што планира операцијата да се заврши доста брзо.

Француската ѕвезда еднаш го изигра претседателот на Реал и го остави со празни раце во последен момент, па тоа сега прави работите да ги диктира Перез, кој ќе чека завршен одговор од Мбапе најдоцна до 15-ти јануари.

Ексклузивата на „АС“ вели дека понудата на Реал ќе почне да важи од стартот на новата 2024-та година, а Килијан ќе има рок за одговор од точно 15 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни