Поврзете се со нас

Шпанија

„АС“: Факторот „Левандовски“ влијаел врз одлуката на Барселона да се раздели со Чави

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес нема да биде тренер на Барселона следната сезона, а деновиве се очекува официјална потврда за неговиот наследник, кој би требало да биде Ханси Флик.

Шпански „АС“ во денешната анализа за ситуацијата кај Каталонците го истакнал факторот „Левандовски“ како еден од клучните при носењето на одлуката на раководството за разделба со досегашниот тренер.

Покрај тоа што Жоан Лапорта и Деко не беа задоволни со статусот на Жоао Феликс и Витор Роке кај Чави, раководниот тандем сметал дека тренерот претерал со својот став за искусниот полски фудбалер.

Чави сметал дека раководството треба да размислува за продажба на Левандовски и сериозна заштеда со неутрализирање на неговата плата, а притоа често многу рано во вториот дел го вадеше од игра искусниот напаѓач.

Потезите на Чави очекувано предизвикале тензија меѓу двајцата и Левандовски се чувствувал разочарано, посебно што секогаш застанувал зад својот тренер и во најтешките моменти за екипата. Во реалноста, Полјакот останува во Барса како што посакуваше, а згора на тоа ќе соработува со тренерот кој добро го познава од времето во Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни