Артуро Видал доби прва јавна опомена од Барселона за двата испади во пет дена

arturo-klupa

Артуро Видал сам си создаде проблеми во изминативе десетина дена бидејќи имаше две контроверзни објави на Инстграм во ситуацијата кога остана на клуапта за резерви, а иако при пристигнувањето во Чиле посочи дека нема никаков проблем со Ернесто Валверде и дека неговите пораки имало сосема друго значење, играчот за врска сега ја доби првата јавна опомена од клубот.

Генералниот менаџер на Барса, Пеп Сегура јавно го прозва „Кинг Артуро“ за непотребните пораки кои ги испрати на социјалните мрежи во некоректно време, при што му порача дека со таквиот однос покажува непочитување кон своите соиграчи кои исто така рамноправно се борат за место во стартната постава.

– Пораките кои ги испрати Артуро имаат двојна конотација. Тоа докажува дека ова момче сака брзо да се интегрира и да му помогне на тимот, но од друга страна покажува дека е фрустриран поради тоа што не добива минути. Треба да работи во линија на тоа да има почит кон своите соиграчи, почит кон соблекувалната, кон тренерот и клубот. Сигурно сфати дека со своите објави повеќе си штети на себе и најверојатно ќе го поправи тоа, – истакна Пеп Сегура за „Мундо Депортиво“.

Facebook Коментари