Поврзете се со нас

Италија

Артуро е хит во Интер: Конте го пречека со голема насмевка, нов соиграч ќе му биде стар пријател (Фото)

Објавено

на

blank

Артуро Видал со голем ентузијазам и голема страст ја започнува новата авантура во својата кариера, откако денеска и официјално стави крај на својата двегодишна етапа во Барселона.

Искусниот чилеански играч за врска цели девет месеци се поврзуваше со Интер, па на крајот конечно му беше исполнета желбата на Антонио Конте кој не го криеше задоволството уште на првиот тренинг на кој се појави „Кинг Артуро“.

Средбата меѓу Артуро и Конте секако се најде во прв план и насмевката на тренерот говори сама по себе колку силно го посакуваше во своите редови, но не треба да се заборави дека Видал во Интер се среќава со уште еден стар познаник и добар пријател.

Интер од денеска ќе го има ударното чилеанско дуо во своите редови, бидејќи покрај Видал, од претходно перманентен трансфер направи и Алексис Санчез.

Видал во Интер ќе го носи дресот со број 22 и се надева дека на теренот ќе успее да одговори на довербата која му беше укажана.

– Денеска со огромна страст започнувам нова етапа во кариерата. Голема благодарност до Интер што веруваше во мене, благодарност и до сите соиграчи и клубот за топлото добредојде. Се надевам дека ќе освоиме многу работи заедно. Форца Интер, – порача Артуро.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни