Поврзете се со нас

Англија

Артета знае дека натпреварот со Тотенхем е „да се биде или не“: Ќе се погрижам играчите да сфатат

Објавено

на

Тренерот на Арсенал, Микел Артета уште од стартот на сезоната се соочува со огромен притисок по неуспешниот вовед во англиската Премиер лига.

Последните две кола тимот од Северен Лондон малку ја поправи сликата, па со двете минимални победи против Норвич и Барнли од по 1:0 се одлепи од дното на табелата.

Сега за „топчиите“ следи големото градско дерби со Тотенхем за кое Артета знае дека е најтежок натпревар во сезоната и средба која може да го одреди понатамошниот тек на клубот.

– Ова е најзначаен натпревар во годината кој ќе го одиграме на домашен терен. Емотивно е поинаков од останатите, знаеме колку е важен за навивачите.

– Ќе се погрижам сите играчи да сфатат колку е значајно ова. Навивачите го доживуваат емотивно, а влогот е малку поголем во ваков натпревар,  -изјави Артета кој се надева дека ќе го подигнат нивото на самодоверба со врзани победи.

– Постои одредено ниво на самодоверба кое се подигнува со неколку победи. Ќе играме на домашен терен, ги имаме навивачите и сигурно ќе создадеме добра атмосфера, -изјави Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни