Англија
Артета: Засилувањата не се доволни за да Арсенал ја освои титулата
Арсенал утре има незгодно гостување кај Брајтон, меч на кој со победа составот од северен Лондон ќе дојде на само три бода во однос на лидерот Ливерпул и со тоа ќе го зголеми притисокот врз „црвените“ без разлика на тоа што тие ќе имаат за играње уште два натпревари.
Со оглед на тоа што сме влезени во јануари, ова е период кој е можност за акција, потези на пазарот, а „топчиите“ се тие кои се поврзуваат со неколку имиња и тоа засилувања за офанзивната линија како Шешко, Исак, Ѓекереш…
Токму менаџерот Микел Артета беше запрашан за тоа дали ангажманот на напаѓач може да им донесе предност и да ја освојат титулата во ПЛ, тој одговори:
-Не знам, може да биде перцепција, може да биде реалност. Да се потпише со некој не е доволно, тоа е сигурно затоа што тоа засилување треба да постигне тогаш колку голови?
-Многу работи треба да се случат. Потпиши, па дај 20 гола од тука до крај и после имаш поголема шанса? Можеби да, не знам. Но, јас сум многу среќен со играчите што ги имаме. Кога ќе го погледнете бројот на голови што ги постигнавме, тоа е повеќе од доволно за да ја освоиме Премиер лигата, како и нашите [други] бројки. Реалноста е дека ако некој прави повеќе, ние мора да бидеме подобри. Пазарот [јануарски] е многу поограничен од оној во лето, но очекувањата и соништата на луѓето се нешто добро.
-Сè што треба да бидеме е да покажеме исто ниво на конзистентност и малку повеќе, затоа што минатата година бевме најдобриот тим во лигата, срушивме разни рекорди и сè уште не освоивме некој голем трофеј, така што нешто недостасува. Тоа може да бидат многу ситни, мали детали, можете да земете одредени игри, одредени ситуации, но на крајот сме толку блиску и само треба да ја превртиме паричката на другата страна за да се случи тоа, -истакна Шпанцот.
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)