Поврзете се со нас

Англија

Артета: Зачуден сум, судиската одлука го промени текот на мечот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал изгледаше доминантно и навистина добро против Брајтон во првото полувреме и беше тимот кој ги диктираше случувањата на теренот, па токму поради тоа и заслужено стигна до предност од 1:0.

Сепак, стартот на вториот дел експресно донесе големи проблеми за „топчиите“, бидеќи Деклан Рајс наседна на провокацијата од Велтман и му беше покажан црвен картон во нависитна бизарни и несекојдневни услови.

Иако Рајс беше тој кој доби удар во ногата, судијата Кавана процени дека фудбалерот на Арсенал попречува брзо изведување на слободниот удар за Брајтон, па така Деклан предвреме заврши во соблекувалната.

Ова значително се одрази врз случувањта на теренот и Брајтон брзо израмни на 1:1, а на крајот си замина и со бод од „Емирејтс“.

– Судиската одлука го промени текот на мечот. Не добив никакво објаснување за овој црвен картон. Како и секогаш, останав во чудо и не добивам никакво објаснување. Ако се носат вакви одлуки за сите, тогаш ќе биде во ред, но тие во неколку наврати ја шутираа топката и не се случуваше ништо.

– Судиите не се константни во своите одлуки. Требаше и нивниот играч да добие црвен картон поради удар. И покрај се, реагиравме добро и со 10 играчи на теренот заслуживме да победиме, – изјави Артета.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни